Два дена пред почетокот на учебната година со физичко просуство на основците и средношколците, родители и директори на средни училишта бараат попрецизни објаснувања околу спроведливоста на одредени обврски од протоколите за настава. Стравот дека училниците може да станат жариште за трансмисија на вирусот, ја вжешти дебатата пред самиот старт на учебната година, објави „Дојче веле“.
Некои од лекарите посочуваат дека епидемиолошката состојба не е иста во сите општини и сугерираат дека процесот на настава треба да се прилагоди според тие индикатори. Дел од родителите го поддржуваат почетокот на наставата со физичко присуство, други сметаат дека во време кога вирусот се шири меѓу помладата и невакцинирана популација, треба да се размисли за почеток со комбиниран модел или со он-лајн настава.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.