Обвинителката Лиле Стефанова рече дека немала никаков контакт со Бојан Јовановски сè до еден ден кога била повикана во канцеларијата на Катица Јанева. Таму биле Боки и Гордана Дувњак.

Тие од Стефанова барале да даде изјава за 1ТВ, но таа рекла дека не е подготвена. На тоа Јанева луто ѝ одговорила дека тогаш ќе зборуваат во живо на емисија.

Иако не дала согласност Стефанова се изненадила кога ја видела најавата за емисијата со нејзиното име како гостин.

Страв не страв отидов во емисијата заедно со Јанева, откри Стефанова.

Станува збор за емисијата „Правда и неправда“ со Гордана Дувњак емитувана лани на 29 јануари, а во која покрај Јанева и Стефанова гостуваше и јавниот обвинител Трајче Пеливанов.

Погледнете ја тука:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.