-Зоран Заев преговара за идентитетот. Тој преговара за идентитетот и око не му трепнува ја лаже целата македонска јавност. Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што дирекно го означува нашиот идентитет, додека Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Зоран Заев тргува – го започна својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред насобраните граѓани на денешниот протест Оставка на Заев, слобода на народот.
Вели лагата се открива за само 12 часа.
-Како се случи за неполни 12 сати, од позицијата атмосферата е добра има напредок во разговорите до тоа главен наслов во медиумите да биде фијаско. Тоа е затоа што лаже.
Та нели се беше во главата на нас вмровците? Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, a се пазареше за идентитетот, историјата, за Македонија.
Денес, вели Мицкоски, повторно лаже кога вели дека не преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го демантираат и го тврдат токму спротивното. Лаже и кога вели дека има напредок. Безочно лаже и око не му трепнува!
-4 години овој човек не лаже, 4 години дебата и проблеми за јазикот, историјата, малцинствата наши во соседните држави, идентитетот. Погледнете како полека она што не било проблем станува проблем, како се разјадува и она последно здраво ткиво на нашата нација, полека но сигурно дебатираме за откажување од нашето наследство од се она што нас не дефинира како посебна нација, народ и држава. Македонија ја губиме на делови помеѓу две изјави на Заев кој со раката на срце, со насмевка и наведнување на главата вели дека тој бил Македонец, и го штител идентитетот. Веќе на сите им е јасно дека овој човек кога говори тогаш тој сосема спротивно испорачува – рече Мицкоски.
Мицкосвски посочи дека поминаа 10 дена, Заев не се повлече во своите скандалозни изјави ниту милиметар, напротив денеска го слушаме како вели дека не се каел воопшто за тоа што го говорел на тоа интервју за еден медиум од кај нашиот источен сосед.
Стратегијата на Заев е во играта на зборови, манипулација во која поразите ќе ги прикажува како штитење на идентитет. Па ќе слушнеме дека споделена и заедничка историја било едно исто, дека јазикот ни бил од АСНОМ па наваму, односно дрво без корен, па да бидеме задоволни и среќни дека ако некој бугарски политичар скришум тивко потшепне Македонци, тоа било голема дипломатска победа…дај бе човеку не си играј со нашата интелигенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.