Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател на Република Македонија поддржана од најголемата партија ВМРО ДПМНЕ денеска е разочарана бидејќи првпат по 75 години од АСНОМ не ја чувме химната кога се среќаваат премиери на две државни.
Денеска во официјална посета на Македонија беше грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Денеска страшно се разочарав, замислите 75 години по АСНОМ денеска не ја чувме химната. Зошто? Имало проблеми со авионот, задоцнил. Да потсетам сета македонска приказна е во химната, во борбата за правдините, ама денеска премиерот всушност го прекрши законот за грбот, знамето и химната. Закон што се носи со двотретинско мнозинство, закон во кој што се вели дека било каква официјална средба уште на аеродромот и пред Владата и пред било кој орган мора да се емитуваат, да се чујат химните на двете држави, рече денеска пред стружани Силјановска Давкова на митингот на ВМРО ДПМНЕ.
Професорката по уставно право потенцираше дека на химна се плаче, пред химна се стои простум, со химна се победува, со химна се радува.
Не, ние ја немавме денеска таа можност барем преку химната да покажеме дека сме нормална, рамноправна држава, оти држава без химна нема важен симбол. Химната е Македонија, Македонија е химната! Но ние водиме и ќе продолжиме да ја пееме ќе продолжиме да победуваме, а победа без химна не бива, рече Силјановска Давкова.
Таа не ветува, не вели дека доколку биде избрана за претседател веднаш ќе поништи се.
Не, тоа не може ни кралица, ни крал. Но, што ќе ветам, дека оние што се одважија по светот а тоа се врвни професори по меѓународно јавно и уставно право, ќе ги повикам за совет. Впрочем ние и ги имаме нивните совети. Вие многу од нивните мислења прочитавте, оти ним им е поважно знаењето, правото и правдата од политиканството.
Ќе направиме стратегија, ама за да ја спроведеме стратегијата, прво треба да победиме на претседателските избори, тоа ќе значи почеток на крајот, делигитимирање на нивните политики.
Тоа ќе значи вовед во парламентарни избори, а на парламентарните избори сите знаеме кој ќе победи. Тоа ќе биде новата коалиција. Коалицијата за Подобра Македонија, но и другите партии кои што ќе им се придружат. Во таквата коалиција ќе има хармонија, соработка, државнички односи меѓу премиерот, претседателот и собранието. Тие луѓе знаат што да направата. Ако ВМРО-ДПМНЕ отвори широка за мене, тоа беше голем доказ за цврста решеност за промени, за реформи, за нова страница на Македонија, за Европска Македонија, рече Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.