Состојбата со пожарот што го зафати Кочани станува се позагрижувачка откако од Центарот за управување со кризи информираа дека пожар во близина на кочанското село Бели, кој неколкупати бил гаснет, сега е надвор од контрола и се заканува да го зафати складот на „Макпетрол“ кој се наоѓа во близина.
Пожар во близина на с. Бели, кај месноста викана Сламерник, пожарот во неколку наврати е загаснуван, но истиот се разгорува и во моментот е вон контрола и претставува опасност кон склад на Макпетрол, кон Драчевик и Белско Маало. Според дојава на граѓани, пожарот е сосема до куќите. ТППЕ Кочани се наоѓаат на терен како и екипа од ТППЕ Виница со 2 противпожарни возила и 4 пожарникари“, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК велат дека постојано добиваат барања од граѓани за дополнителни сили бидејќи постојните не можат да ги задоволат потребите за интервенции. Отаму додаваат дека во Кочани има уште еден активен пожар кој бил предизвикан од паднат далекувод кај месноста Костин Дол и за кратко време се има проширено кон шумски предел и е надвор од контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.