По двете писма упатени на претседателот на Судскиот совет во врска со пензионирањето на поротничката во случајот ТНТ, адвокатот Јовица Страшевски, бранител на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски во овој процес, денеска испрати отворено писмо до Претседателот на Основниот кривичен суд, Иван Џолев. Писмото следува како реакција на Судот во кој се бара од институциите да се испита дали адвокатите во ТНТ се закануваат и вршат притисок на судиите.

Почитуван колега Џолев (мој колега од факултет) случајот ТНТ доби голема медиумска популарност од тие причини, а заради дознавање на вистината на нашите спротивставени ставови ве повикувам на отворен ТВ дуел на која ТВ сакате кои новинари вие сакате да ги повикате најдоцна до 13.01.2020 година, со законите во раце да дебатираме и целата македонска јавност да ја дознае вистината и конечно да завладее правото во Македонија, му пишува Страшевски на Џолев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.