„Стоп за теророт врз народот“, „Мое тело мој избор“, „Врати ми ја слободата или ќе ти го срушам режимот“ беа само дел од транспарентите пред Владата каде вечерва граѓани протестираа против новововедените владини рестрикции и антиковид мерки.
Како и во неделата, на првиот протест, и вечерва голем број на граѓани излегоа да го изразат својот протест против мерките за кои сметаат дека се дискриминирачки и со кои им се наметнува задолжителна вакцинација против ковид.
Реакции денеска имаше и од Сојузот на стопански комори на Македонија, од каде велат дека новите марки за заштита од вирусот се неспроведливи и дека постои недореченост на мерките со што се ставаат во незавидна положба и работодавачите кои не знаат дали и како треба да постапуваат. Со остра реакција се јавија и од Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП), сметаат дека мерките се конфузни и недоречени, па бараат нивно допрецизирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.