Македонија денеска стана најновата членка на НАТО по депонирањето на инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор во Стејт департментот на САД. НАТО сојузниците го потпишаа протоколот за пристапување на Македонија во февруари минатата година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на земјата, објави Алијансата на својата веб страница.
Добредојде ни посака и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Добредојде во НАТО Македонија! Патот беше долг, но напорите вродија со плод. Формалниот процес на пристапување е завршен, драго ни е што 30-тата земја членка на Алијансата е со нас, објави на својот Твитер профил Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.