Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави учеството на македонската делегација на денешниот Самит на Алијансата во Лондон и порача дека членството на земјата е позитивен чекор за целиот регион.

Топло ја поздравивме Македонија денеска, изјави Столтенберг на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот.

Тој додаде дека членството на земјата е знак оти вратите на Алијансата остануваат отворени и за други земји во иднина.

Членството на Македонија не е добро е само за Македонија, туку за регионот, тоа ќе покаже дека НАТО ја остварува политиката на отворени врати, рече генералниот секретар на Алијансата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.