Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер испратил известување до македонските власти дека сите земји сојузнички во НАТО завршиле со ратификацијата на протоколот за членство и дека сега останува да се испрати само ратификациониот документ.

Денеска, пристапуваме кон испраќање на нашиот документ за ратификација за Вашингтон. Следната недела истиот ќе биде предаден во Вашингтон и со тоа Република Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО. Ова се големи историски моменти. Исполнета е важна стратешка цел за стабилноста на државата и за безбедноста на сите граѓани, – напиша Спасовски на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.