Ѓорче има непроценливо богатство кога е во прашање македонската традицијата и фолклорот. Нема кој нема чуено за ансамблот на народни песни и ора „Григор Прличев“.
Традиција од 75 години, над 300 активни членови и натаму ја чуваат ризницата на македонското творештво кое е и огромно културно богатство, вели кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.
-Ова културно уметничко друштво треба да си го чуваме и негуваме, да му помагаме, промовираме и поддржуваме. И така ќе биде. Затоа што 500 турнеи надвор од Македонија треба да станат 5.500, а светот да го види сјајот на нашиот фолклор.
Немаше време за оро при нашата средба, но, со сигурност тврдам дека ќе имаме уште стотици, кога ќе договараме и реализираме проекти, па ќе имам и јас можност да поднаучам уште нешто од уникатно од овие наши момци и девојки кои се за секоја почит заедно со раководството, вели Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.