Програмата „Гарантирам“ која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, допира до секој од Вас, затоа што соддржи проекти кои се наша заедничка потреба, и проекти кои овозможуваат полесен, поспокоен и помодерен живот за сите луѓе во општина Неготино, рече Горан Стојанов, кандидат за градоначалник на општина Неготино.
Знаеме што му е потребно на Неготино, вели тој, и каде е грешката во минатогодишните владеења, ги увидовме проблемите на секој од Вас и умееме да најдеме решенија кои ќе се потрудиме да ги оствариме во најбрз можен рок.
Како доктор, како родител и како совесен граѓанин, вели Стојанов, се обврзувам Неготино да го направам чист град, зачувана и здрава животна средина во која ќе уживаме сите заедно, од најмлад до најстар, град во кој слободно ќе ги прошетаме своите деца и внуци не плашејќи се дека истиот е загаден, град кој нуди богати рекреативни содржини.
Сведоци сме дека на актуелните власти кои истовремено бараат уште еден мандат и претендираат и понатаму да владеат, фокус им се депонии, отпади и слични загадувачи, кои штетно ќе влијаат врз здравјето на сите нас, како и врз целата наша околина. Со тоа ќе ги уништат и земјоделските и лозовите насади, кои се главен приход на егзистенција на многумина од Вас.
Јас како еден од Вас, но и како иден градоначалник на општина Неготино, тоа нема да го дозволам, и фабрика за отпад во општина Неготино нема да има. Впрочем, на тоа и се обврзав и се обврзувам пред сите Вас.
Наместо депонии, фабрики за отпад и слични загадувачи, мојата понуда е зеленило, паркови, спортски и рекреативни содржини, уредени урбани локации во функција на вистинските потреби на граѓаните, порача тој.
Тој претстави дел од проектите од неговата програма „Неготино-зелен и чист град“, за кои лично се обврзува и гарантира:
– Изградба на голем парк кај спортската сала „Младост“, и целосна реконструкција на игралиштето позади спортскиот центар „Младост“.Овој проект вклучува: модерен парк со фитнес зона, патеки за велосипедизам, пешачење, трчање, возење ролери, скејт парк со рампа и теретана на отворено. Нова подлога и трева на игралиштето, пристап до игралиштето за сите, израдба на потпорен ѕид и осветлување. Овој проект особено ме радува, затоа што и самиот го сакам спортот и верувам дека ова ќе биде многу посетувано место од сите.
– Изградба на пешачко рекреативна патека од населбата Саат Кула па се до Тимјаничка цуцка во должина од 2,5 километри со бекатон плочки и зони за одмор. Знаеме колку е важна рекреацијата во општина Неготино, затоа што во вечерните часови можете да видете толпа од народ како се рекреира по главната улица од почетокот до крајот на градот. Оваа нова патека ќе биде на место каде што сега нема ни прикладни тротоари за пешачење, и ќе биде од голема важност за сите нас, а најмногу за оние што живеат на овие делови од градот.
– Ќе поставиме 2 до 3 летниковци на различни локации низ градот со хортикултурно уредување и осветлување со соларни светилки. Нашите млади овде го поминуваат своето време, и затоа се обврзувам да им овозможам подобри места за дружење, одмор и рекреација.
Имам визија за нова иднина за нашето преубаво Неготино, додаде Стојанов, ја барам Вашата поддршка, за да си помогнеме заедно, ликот на градот да стане слика со која заеднички ќе се гордееме!
Да создадеме нова иднина!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.