Нашите деца се секое отчукување на нашите срца, за нив мораме да се бориме до последен здив. Мораме да изградиме подобар живот и подобра иднина за нив. Нашите родители, нашата потпора во животот се оние на кои мораме да им гарантираме спокојна старост. Ова е битката која мораме да ја извојуваме, ова е решавачката битка за нашето родно место – порача кандидатот за градоначалник на општина Неготино од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Стојанов.
Впо своето последно обраќање до граѓаните пред изборите, Стојанов истакна дека му било чест што имал можност да се среќава со граѓаните, да им ја стисне раката, заблагодарувајќи им се за секој совет, но и секоја критика што ги добил од нив.
Во своето обраќање, Стојанов пред граѓаните гарантира дека тој ио неговиот тим ќе создадат услови во Неготино да се живее подобро.
Веќе ги знаете моите проекти за кои се обврзувам како искрен човек каков што ме знаете. Сега, Ве повикувам и Ве охрабрувам да ја донесете правилната одлука, да излезете достоинствено и самостојно да гласате по свој избор и да ја донесете вистинската одлука. Не подлегнувајте на уцени, лаги, закани, притисоци и манипулации, кога веќе го знаете нивното владеење.
Моето родно Неготино го сакам колку и мојот дом, затоа ќе се грижам домаќински за мојата општина, за секое населено место.
Ве гледам во очи и ја барам вашата поддршка, да си помогнеме заедно и да ја создадеме нашата иднина. Се обврзувам и гарантирам дека ќе бидам градоначалник на сите Вас, без разлика на вашето политичко убедување, возраст, финансиска состојба, националност или занимање.
На 17-ти октомври да заокружиме број 7 за Градоначалник, број 7 за Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ – порача Стојанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.