Kандидатoт за градоначалник на Неготино од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ќе го потпише Зелениот меморандум, односно договор со кој кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи од општината се обврзуваат да не дозволат влез на загадувачка индустрија во градот.

Тој тврди дека е против изградба на гасна централа, и нема да поддржи проекти кое се штетни по здравјето и околината.

Јас, д-р Горан Стојанов, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и иден градоначалник на општина Неготино, јавно изјавувам дека сум против изградба на гасна централа и секакви други видови на загадувачи на територијата на Општина Неготино.
Го поддржувам и ќе го потпишам зелениот договор подготвен од страна на Ековита.
Истото се однесува и за кандидатите за советници од листата на ВМРО-ДПМНЕ од Неготино. Советниците од листата на ВМРО-ДПМНЕ од Неготино и јас цврсто и одлучно стоиме на ставот дека нема да поддржеме никакви проекти штетни по здравјето на граѓаните од Општина Неготино – порача Стојанов.

За Зелениот меморандум се уште се нема огласено актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат Тони Делков од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.