Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес се обрати на протестот „Оставка Заев, слобода за народот“ од пред Влада на Република Македонија. Стојаноски им порача на владините функционери залудно се кријат во зградата, денес граѓаните дојдоа да им порачаат доста е. Доста е веќе со распродавање на национални интереси и понижување на македонскиот народ.
Доста е веќе со распродавање на национални интереси. Македонските граѓани нема да ви простат. Народот ќе ве казни за се што правите во изминатиов период на Република Македонија, истакна Стојаноски.
Стојаноски вели дека македонскиот народ сака да упати порака дека овој народ е тој кој што ќе стави крај на сите овие предавства кои што ги врши Зоран Заев и неговата екипа. Крајот веќе се ближи на оваа ненародна власт која стави се што е свето на Македонците на продажба.
Немаат поддршка од народот, ова се црвените линии од кои што нема отстапување. Зоран Заев да знае дека ангелот на македонската идеологија е апостолот Гоце Делчев, дека Македонците се посебна нација и дека зборуваме македонски јазик. Нашиот идентитет е свет и со него нема играње, рече Стојаноски.
Стојаноски додаде дека македонскиот народ нема да му дозволи на Заев да ги распродава националните интереси, ова е честа на Македонецот која нема цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.