Сметам дека е несоодветно вака широка материја за која постојат меѓународни стандарди да се регулира само со изјава на нотар и со фотокопија од лична карта, без притоа да се даде одговор на сите оние прашања кои произлегуваат како одговор на вака дефинирано законско решение, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за матична евиденција.

Ако само со изјава на нотар и со фотокопија од лична карта може да се промени полот, тогаш што ќе се случи со одењето во пензија, учеството во спортски натпревари, кандидатурите во политиката каде е задолжителен родов баланс на листите, добивање на права од спротивен пол? Што ако маж се декларира за жена за порано да оствари право на пензија, а потоа пак, се декларира како маж? За ваков закон треба широка јавна дебата, да се слушнат различни ставови како и мислењата на експерти. Ова е обид за дефокус, Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.