Пратеникот Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција рече дека Зоран Заев и владата водат тајни разговори со Бугарија. Заев да каже што прифаќа, и дали на маса е македонската национална посебност?
Го повикуваме народот да биде внимателен и сериозно да ги следи состојбите бидејќи на Заев не може да му се верува. Тој до сега безброј пати покажа дека едно ветува, а друго прави.
Заев се колнеше во најмилото, и тврдеше дека идентитетот е бетон, а потоа се случи нешто сосема друго.
Зоран Заев криеше од јавноста и дека воопшто преговара, за откако ВМРО-ДПМНЕ го прозва да признае. Сега Заев крие за што разговара.
ВМРО-ДПМНЕ е сериозно загрижена за државата. Сите ги знаеме бугарските позиции. Но, никој не ги знае позициите на Зоран Заев, тој јавно ги менува своите ставови и ја понижува Македонија.
Заев јавно кажуваше дека македонскиот и бугарскиот народ се исти, исто како и јазиците. Заев во своите интервјуа сто пати ги продаде нашите историски личности. После таквите испади на Заев тој нема повеќе преговарачки капацитет. Позициите на Македонија со Заев се разнишани и постои сериозна опасност дека секој договор што тој би го постигнал ќе биде на штета на државата.
ВМРО-ДПМНЕ однапред кажува дека нема да почитува договор кој ќе значи негација на Македонија, нејзината национална посебност, јазик и историја.
Дополнително го повикуваме Заев јавно да каже и да ја запознае јавноста за што преговара и дали на маса е нов национален пораз.
Уште еднаш апелираме до народот со големо внимание да ги следи случувањата и да биде подготвен да ги браниме националните црвени линии.
4 години со Заев само порази, 4 години со Заев украден живот. Доста е!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.