Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денес на протестот во организација на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“ се обрати и посочи дека на она кое што треба да биде протест пред министерство за здравство во последниве три недели излезе дека е протест пред министерството за провизии и смрт.

Горе десно има човек кој што ја снима толпата која што протестира, видете што им е приоритет, наместо да се растрчаат по светот и по Европа за да обезбедат вакцини за македонскиот народ. До денеска до овој момент имаме загубено 4.150 граѓани на Република Македонија. Тоа е како преку ноќ да го снема Крушево, Вевчани, некои помали градови. А, она што е најтрагично е што таа стапка не се намалува. Па можеме да видиме секој ден по социјалните медиуми дека некој бара помош за да се лекува, да се собираат донации, луѓето се почесто ни кажуваат дека не сакаат да ги отворат социјалните медиуми заради тоа што личат на некролози. Приморани сме поради овие неспособни луѓе секој ден да се збогуваме од наши блиски роднини и пријатели“, нагласи Стојаноски.

Стојаноски додаде дека се можеше поинаку, бидејќи на 2-ри февруари се тргнаа сите пречки во законот за јавни набавки за да луѓето кои што седат во министерството да започнат со набавка на вакцини. Но, 60-тина дена по тоа, ниеден закон не е поминат, и тоа не е поради опозицијата, туку поради власта бидејќи Заев ги примора неговите пратеници да му гласаат доверба.

И поради неспособноста на власта, ние граѓаните понижени чекаме пред граничните премини на нашите соседни држави да го бараме спасот таму за вакцини“, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека власта протестот го смета за пречење. Зар треба граѓаните на власта да и дозволат да штанцаат пасоши и да дилаат дрога, дури и да пренесуваат дрога низ Република Македонија. Тоа граѓаните нема никогаш да и дозволат на власта. Тоа никогаш нема да им помине.

Ние сме тука собрани, не за политички поени. Ние сме тука само заради една работа да ги симнеме овие, затоа што се додека се овие таму каде што се нашиот народ ќе умира. Што треба да се направи? Една приоритетна работа, и јас ве уверувам дека од тој момент се ќе тргне подобро, оставка на Заев и Филипче. Една година имаме пандемија и една година покажаа дека се тотално неспособни да ја администрираат и менаџираат“, појасни Стојаноски.

Стојаноски порача дека овој хорор ќе заврши само со оставка на Заев и Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.