Бојан Стојаноски, од ВМРО-ДПМНЕ реагира дека пред неполн месец, за време на расправата за ребалансот на буџетот за 2021 година, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела амандман за да се обезбедат 90 милиони денари за набавка на 20 нови противпожарни возила, но тој амандман бил одбиен.

Пратениците од мнозинството и членовите на владата од СДСМ – ДУИ не го прифатија овој амандман, на моменти и се исмеваа.

 

Тогаш беше актуелен случајот со пожарот во Галичник кога противпожарното возило беше влечено со ланец.

 

Денес имаме пожари низ целата држава.

 

Нема пари за нови противпожарни возила, но има:

 

– 155 милиони денари повеќе за нови вработувања

 

– 144 милиони денари повеќе за набавка на мебел

 

– 17 милиони денари повеќе за набавка на возила.

 

Тотална неспособност !
Тотално фијаско !
Тотална недоговорност ! – реагира Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.