Новата Доктрина на ВМРО-ДПМНЕ е нашиот идеолошки тек, како ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува во наредниот период. Имаме 16 теми, како ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави во надворешната политика, во труд и социјала, економија, она што е новитет е дека енергетиката ќе биде како еден од стратешките приоритети, а тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ станува партија во која може да се пронајдат сите граѓани без разлика на верска или национална определба, а кои имаат иста цел а тоа е богата, просперитетна и достоинствена Македонија, изјави за вестите на Алсат М телевизија, пратеникот Бојан Стојаноски.

Стојаноски истакна дека после 4 години турбулентен период и ВМРО-ДПМНЕ успеа да стане партија која што има најмногу градоначалници, советници, но и партија со најголема пратеничка група и сега се отвора за сите луѓе кои сакаат промени во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за сите луѓе кои се квалитетни, а коишто сакаат да ги донесат промените, затоа што интересот и постоењето на ВМРО-ДПМНЕ е да ја направи Македонија подобро место за живеење за сите граѓани. Да направиме силна и економски просперитетна држава, рече Стојаноски.

Тој потенцираше дека на последните локални избори видовме дека народот ја делигитимираше оваа власт и затоа најлогично е да имаме предвремени парламентарни избори после кои ќе се формира влада предводена од Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.