Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ реагира на провокацијата на Красимир Каракачанов, дека наводно имал бугарски пасош.
Тажно е и жално што Министер за одбрана на земја членка на ЕУ шири лажни вести и манипулира со непроверени информации.
Моето име и презиме е Бојан Стојаноски.
Без В.
Родум и потекло од с. Попоец – Кичево, од западот на Република Македонија.
Мајка и татко – Македонци.
Државјанство – само македонско.
Лична карта – само македонска.
И само македонско.
Жалам што перјаниците на СДСМ во обид на креирање ексклузива побрзаа да ја пласираат оваа лажна вест.
Еден од нив и портпаролот на СДСМ, еден од главните пропагандисти на лажните вести Костадин Костадинов, кој го повикувам уште еднаш да ги произнесе овие тврдења, ама без точки, запирки и релативизирања за да можам да го тужам доколку не се извини за оваа лажна информација.
Средствата кои ќе ми ги исплати за таа клевета ќе ги донирам за Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
Красимир Каракачанов лаже.
Го повикувам да ги извади документите со сите генералии за да докаже дека таа личност сум јас.
Поздрав од Бојан Стојаноски (без В), Македонец од Република Македонија.
Тажно е и жално што Министер за одбрана на земја членка на ЕУ шири лажни вести и манипулира со непроверени информации….
Posted by Бојан Стојаноски on Thursday, 11 March 2021
Не е проблем што веројатно половина раководство и пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, од Антонио Милошоски до Бојан Стојановски, Александар Николовски, потпишале изјава дека се бугарски производ и земале бугарско државјанство.
Проблем е што глумат загрижени и поголеми македонци од нас, кои немаме резервна татковина, за разлика од нив!, пишува Костадинв пренесувајќи ја како вистинита објавата на Каракачанов.
Не е проблем што веројатно половина раководство и пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, од Антонио Милошоски до Бојан…
Posted by Kostadin Kostadinov on Thursday, 11 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.