Дафина Стојаноска носителката на листата за изборна единица 6, во рамки на предизборните активности во Гостивар најави дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе започне со реализација проекти важни за културата и културното наследство.
Таа од пред Националната установа Центар за култура АСНОМ во Гостивар потенцира дека културата е многу значаен фактор за идентитетот и развојот на секоја држава.
ВМРО-ДПМНЕ во програмата „Обнова“ има посветено доста труд и време токму за културата. Наши културни приоритети се: културниот идентитет, културното наследство, уметничкото наследство, работници во културата, културните и креативни индустрии, меѓународната културна соработка и инфраструктурата за наредните десет години, рече Стојаноска.
Таа ги критикува СДС за покачувањето на акцизите за нафта и нафтени деривати, кои како што напомена се случило во два наврати за време на нивниот тригодишен мандат.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува денар за спортот и денар за културата, што ќе значи сериозна придобивка за овие две гранки, кои и тоа како се битни за обнова на Македонија. На 15-ти јули заокружете го бројот 14, за да имаме повеќе за секого, но и повеќе за културата во Македонија, истакна Стојаноска.
Во текот на денот, Дафина Стојаноска ќе оствари средби со угостители од Гостивар, членките на унијата на жени, а во вечерните часови ќе има средби со граѓани во населбата Дутлок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.