Додека Македонија бележи огромен број на новозаболени од КОВИД-19, Венко Филипче, трчајќи да ја реализира партиската агенда на Зоран Заев и СДСМ, заборави дека е министер за здравство. На Филипче и Заев, а и на Оливер Спасовски, се покажа дека политиката и тендерите им се поважни од здравјето на граѓаните, ама и од животите на граѓаните, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Има голем број на новозаразени во деноноќие, има голем број на починати во деноноќие, Македонија води по црните статистики, како по број на заболени на милион жители, така и по број на починати на милион жители, но ова не е тема, уште помалку приоритет за Филипче, Спасовски, ама и за Заев.Сведочиме и за случаи на дискотеки полни со народ, каде никој нема маска, дистанца пак нема воопшто, ама не е тоа важно, важно е што објектот бил во сопственост на нивни другари, на друштвото на Заев. Кога станува збор за друштвото на Заев ништо не е важно, не се ни помислува на здравјето на граѓаните, изјави Стојаноска.
Додека Заев и неговото друштво ги интересира личниот профит, инспекторите најавуваат кривични пријави. Заев и СДСМ го загрозуваат здравјето и ги загрозуваат животите на граѓаните.Ако вака се продолжи со загрозување на здравјето и животите на граѓаните, вината оди на адреса на Филипче и Спасовски, како и на нивниот партиски претседател Заев кој е занесен во лагите и сторувањето на криминал.Неспособноста за справување со корона кризата е видлива, како никогаш досега. Неспособноста на Заев и неговите Филипче и Спасовски се плаќа со здравјето и животите на граѓаните, изјави Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.