Парламентот не е компанија туку институција која работи согласно устав закони деловник и ние се наоѓаме во специфична ситуација. За да работиме онлајн треба да се менуваат сите акти. Како ќе разграничиме отсутни поради корона и отсуство поради други причини. Тоа воопшто не е едноставно како што се зборува или изгледа. Дополнително има и тенко мнозинство и сето ова се користи како параван. Кај тенкото мнозинство лежи се, тука е поентата – рече Дафина Стојаноска, пратеничка и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата „Вин вин“.

Според неа ако се тргне во оваа насока ќе излегуваат многу проблеми.

Многу е поразлично да се работи со физичко присуство во Собранието, отколку онлајн. Тука е и прашањето дали секој може да се вклучи онлајн. Вака како што сме почнале, имаме нефункционално Собрание, до каде ќе оди ситуацијава, нели беше важно да има функционални институции – кажа Стојаноска.

Стојаноска посочи дека власта е таа која треба да си обезбеди мнозинство во Собранието, а не дека опозицијата ја опструира работата на парламентот.

Зошто не помислите да поднесете закони кои се реформски и ќе имаат поддршка од опозицијата – посочи Стојансока.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.