Вие се борите и правите коалиција за гола власт, за да покажувате моќ во оваа држава, сила и за вас ништо не важи. Пет години се повикувате на реформи, пет години викате дека сега е историскиот момент за државата, а пет години историски момент не видовме и сега Заев што вели, оставете ме да ги довршам реформите. Па кои црни реформи, јавно ги праша СДСМ, Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата 24 Анализа, на Телевизија 24.

Стојаноска ја искоментира и изјавата на министерот Крешник Бектеши кој изјави дека доколку се случи ценовен шок тогаш ќе бидат замрзнати цените на производите, порачувајќи му дека тој треба да превенира да не дојде до тоа.

Државата ни е пред банкрот, ни следи енергетска криза, а министерот Крешник Бектеши вели ако се случи ценовен шок тогаш ќе реагираме. Но, не може така министре, вие треба да превенирате да не случи економски шок – изјави Стојаноска.

Таа е децидна и смета дека европски вредности не може да бидат тоа што државата е најкорумпирана и најсиромашна, порачувајќи дека СДСМ нема 61 пратеник како што тврди, односно, како што рече таа, може да обезбедат повеќе пратеници само доколку ги киднапираат.

Ако ова се ЕУ вредности тогаш нас Европа треба да не избрише и ние географски да не постоиме. ЕУ вредност каде државата е најнесреќна, најсиромашна, најкорумпирана, па ние за што зборуваме.

 

За што зборуваме, за која коалиција, за кои 61 пратеник. Вие мнозинство може да формирате само ако киднапирате уште еден пратеник колега Митревски и ништо повеќе. И немојте да тврдите дека имате 61 пратеник или повеќе затоа што немате, а ќе ги добиете само ако се осмелите да киднапирате уште некого – порача Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.