Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во нејзиното гостување во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер зборуваше за денешниот разговор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со претседателот на ЕПП, Доналд Туск и средбата со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, како и неуспехот на власта да обезбеди датум за преговори со ЕУ.

Таа потенцираше дека бројните криминали и афери на власта кои добија меѓународен карактер се причината што меѓународната заедница се повеќе доверба има во опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ, отколку власта.

Државава во светот со СДСМ е позната само по криминали, скандали и корупција и мислам дека тука лежи основниот проблем и со ваква власт за жал останува само ВМРО-ДПМНЕ како партија којашто навистина се бори. Може и да се види кој има остварено повеќе средби со меѓународна заедница. Така да денес воопшто не ме чуди што претседателот Христијан Мицкоски оствари еден телефонски разговор со Доналд Туск, а и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше и министерот за надворешни на Унгарија, Петер Сијарто.

Стојаноска нагласи дека ВМРО ДПМНЕ многу повеќе се залага за државата, а тоа што власта е фокусирана е само на криминали и корупција, додека на меѓународен план токму Заев го создаде проблемот со Бугарија кој не кочи во ЕУ.

 На Бугарија и се дозволи да го кочи добивањето на датум и тоа е повторно е овозможено од страна на Зоран Заев и на таа недипломатија којашто ја води дозволи Бугарија да може да ни се меша и во креирањето на учебниците, и во нашата култура и историјата што значи да ни се меша во суверенитетот на нашата држава. Тоа е чист жолт картон за Зоран Заев и е многу смешно да се повикува на некакви патриотски изјави, на црвени линии на идентитет. Сето тоа тој го распродаде или го стави на маса за преговори – истакна Стојаноска.

Во однос на датумот за ЕУ таа потенцираше дека иако тој беше ветувам повеќе пати, сведоци сме дека оваа власт не е способна да го испорача токму поради фактот што најголем интерес им се личните криминални интереси.

Кога го добија првиот мандат, велеа дека единствено најголем проблем за тоа што Македонија се уште нема добиено датум за почеток за преговори со Еврпоската Унија било само уставното име кое што неуставно го променија, но за жал видовме дека тоа ниту бил единствен проблем , ниту најголем проблем тие докажаа изминативе години на нивно владеење дека проблем е тоа начинот на кој што тие владеат – заклучи Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.