Вчера во собранието на Република Македонија се одвиваше скандал од невидени размери кои што здравјето беше загрозено, не само на пратениците, туку и на сите собраниски служби, новинарите коишто беа тука присутни, и воопшто не е точно дека пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска влегла по други патеки. Влезот во собраниската салата каде што сега се одвиваат пленарните седници е во ист ходник каде што од десната страна има врата за да се качат во кабините, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во гостување во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на ТВ Телма.
Влезот низ којшто таа влезе, а за тоа видовме има снимки, е истиот оној влез каде што влегуваат и новинарите и останатите пратеници. Ова е вирус кој се пренесува во воздухот. Кој ни гарантира нам, колешката Жаклина Пешевска вчера кажа дека кога влегла и било кажано да не се движи по тој пат, да не се вози со тој лифт. За какви протоколи зборуваме и на кои протоколи се повикуваме воопшто? Како може за некого да важи закон, а овде законот да не важи – праша Стојаноска.
Таа посочи дека вчерашното гласање воопшто не може да се нарече херојство, во време кога во Македонија има починато над 4.000 граѓани од корона вирусот.
И што е најскандалозно од сето ова, апсолутно немаше потреба од изигрување на вакво „херојство“. Ова не е херојство, ова е само доказ дека власта покажува дека за неа не важат никакви закони. Во Макеоднија имаме починато преку 4.000 граѓани. Во Македонија секој стравува за сопственото здравје и за здравјето на своите блиски, а само за пратениците на власта не важат никакви закони, никакви протоколи – потенцира Стојаноска.
Стојаноска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за двајцата пратеници, додавајќи дека нејзино лично мислење е дека за ваквото неодоговрно однесување треба да одговара и претседателот на Собранието кој го загрозил здравјето и на пратениците и на вработените во службите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.