Пратеничката Дафина Стојаноска во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека опозицијата ќе ја разгледа можноста за импичмент на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Во текот на емисијата кажав дека одговорот за овој проблем кој што е несомнено дека ќе стане и голем треба да се побараат или кај претседателот или кај Уставниот суд, но по однос на ова што ме прашавте дали ќе поднесеме иницијатива за импичмент на претседателот секако ќе ја разгледаме, став немаме донесено, рече Дафина.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за продолжување на вонредната состојба затоа што голем дел од уредбите донесени од владата биле наменети за други цели и не се надминала економската и здравствената криза во државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.