Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во „10МИНУТИ“ на ТВ21 објасни дека интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери не е само поради зборување на албанскиот јазик во Брисел, туку и поради други причини.
„Интерпелацијата се однесува на овој мандат на Џафери. Не се почитува ниту Устав, ниту деловник, се злоупотребува европското знаменце, беше доведено и нашето здравјето во опасност со носење на заразени пратеници на гласање. Свесни сме дека нема да има некаква реакција од институциите, но она што деловникот ни го овозможува, да побараме инерпелација на претседателот“, рече Стојаноска.
Стојаноска рече дека со Резолуцијата која денеска ја поднесоа само ќе се допринесе и помогне во зацврстувањето на македонските државнички позиции. Во текот на емисијата Стојаноска се осврна и на интерпелацијата на Талат Џафери.
„Ова што се случи со користењето на албанскиот јазик во меѓународна употреба е само капка која што ја прелеала чашата. Бидејќи во Собранието на Република Македонија со претседател Талат Џафери, зборувам еве за овој мандат бидејќи за минатиот мандат не би можела воопшто ниту да дискутирам дали воопшто се работеше за според Устав избран претседател на Собрание, но еве да се осврнеме на овој мандат бидејќи интерпелацијата се однесува на овој мандат. Што би можела да кажам, значи како што реков не се почитува ниту Устав, ниту Деловник, се злоупотребува европското знаменце, ни беше ставено во опасност нашето здравје односно нашите животи со тоа што се овозможи да влезат во Собранието пратеници кои што беа позитивни на КОВИД-19. Институциите во нашата држава се како подрачни единици на Владата, се во нашава држава е подрачна единица на Владата дури и Собранието, дури и судовите, дури и претседателот на државата иако се засебни и независни функции“,истакна Стојаноска.
Стојаноска нагласи дела Талат Џафери се однесува како сопственик на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.