По завршувањето на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Дафина Стојаноска од пред седиштето на партијата изјави дека нема услови за одржување на локалните избори во Штип и Пласница и дека истите треба да се одложат, се до обезбедување на пристојни и нормални услови.

На вечерашната седница на Извршниот комитет се расправаше за актуелната состојба. Изразуваме длабока загриженост за развојот на здравствената и економската  врзана со ковид заразата. Евидентно е дека Владата, Зоран Заев и министерот Филипче немаат контрола над работите и исклучително лошо менаџираат со целокупната состојба.

Воедно за ова говори и фактот што за два дена имаме над 40 мртви и речиси двеипол илјади новозаразени со КОВИД-19. Нашата земја е на самиот врв во регионот по бројот на заразени и по бројот на починати споредено со бројката на направени тестови.

Сето ова укажува на тоа дека нема услови за одржување на локални избори во Штип и Пласница и дека истите треба да се одложат се до обезбедување на пристојни и нормални услови за функционирање и фер изборна кампања, што беше и едногласен став на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес има 1192 новозаразени, што се нови 1192 причини за одложување на изборите се до обезбедување на нормални услови со кој би се гарантирало здравјето на граѓаните.

Не може власта да бара задолжително носење на маски, а да очекува партиите да водат нормална кампања.

Не може да има забрана за собири на повеќе од 4 лица, а Владата на Заев да очекува дека изборите во Штип и Пласница нема да го загрозат здравјето на граѓаните. Изборот за градоначалник на Штип со мандат од само 9 месеци може да почека, но заштита на здравјето на Македонија не смее да се занемари.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш порано и никогаш во иднина нема да води некрофилска политика. Мора да се однесуваме одговорно и граѓаните тоа го бараат од нас. Избори да, но не и по цена на животите на луѓето. Избори не, ако тие се со цел зачувување на  фотелјите на Бочварски и на Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.