Сѐ уште беснеат пожари, она онде зад мене каде што светат светлата е селото Умлена, од каде што цел ден повикуваат на помош. Зад Умлена се гледаат поажрите, се гледа и огромен чад зад целата планина, таму веднаш од другата страна се наоѓа Пехчево, а од овдека се наоѓа Берово.
И по неколку дена беснеење на пожари, и по неколку дена предупредувања од сета јавност за неспособноста и за негрижата од јавноста, од владата, од незадоволството за реакциите за шумските пожари, и по цел ден повици од Умлена дека може да изгори селото никој досега не дошол на помош и никој досега не почнал да гаси овдека зад мене каде што гори цела планина – посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Столковски во видеото на кое се гледа како беснее пожар во позадина.
Тој посочи дека апелите од Умлена го однеле како претставник од ВМРО-ДПМНЕ, тука кај Умлена да повика на совест кај дел од Владата, да го повика на совест Стојанче Ангелов наместо цел ден да трча по телевизии за да се правда себе и Зоран Заев затоа што не делувал кај Кочани да го види ова зад него и веднаш да упати помош при гаснењето и справувањето со оваа огнена стихија.
Ова што се случува е срамно. Ова што се случува е покажување на целосна неподготвеност на државата да одговори соодветно пред она што се вели елементарна непогода.
Стојанче Ангелов треба добро да знае дека канцелариски мебел и мобилни телефони не е тоа што го гане пожарот, туку канадерите кои две гофини не се сервисирани, а Владата купувала и плаќала гориво за нив, пожари не гаснат мобилни течефони, не гасне канцелариски мебел ниту пожари се гаснат од владина седница. Пожари се гаснат тука на терен.
Ова што го гледам зад мене, а е километри подалеку е срамно и е срам за оваа држава – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.