Не можам да поверувам дека Стојанче изјавил дека очекува утринската роса да го изгаси пожарот на Галичица, реагира адвокатот Александар Тортевски, на изјавата извадена од прес-конференцијата на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. На ова, самиот Ангелов му возврати да не споделува лажни вести, туку да го ислуша што кажал.

За да не се доведеш во ситуација да веруваш или да не веруваш би било доволно да ја ислушаш мојата прес конференција но тоа бара 19 минутен интелектуален напор додека тропањето лажни вести бара само некоја минута, му врати Ангелов на „Твитер“ и му порача дека „вака градоначалник не се станува“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.