Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска му порачува на генералот Стојанче Ангелов да престане да го наплаќа куршумот што го добил за дрѓавата и да почне да ја работи работата што ја знае наместо да трча по директорски места.

Доколку Ангелов смета дека, тоа што примил куршум, е најважен критериум при избор за функција, а не стручноста, тогаш еве – нека стане и премиер. Секако нема да се воочи голема разлика со овој сегашниов.
Но, најважно… Што да кажат семејствата на тие што погинаа за државава? Преку 200 припадници на МВР и АРМ дале животи за оваа земја, а нивните семејства гордо и достоинствено се соочуваат со загубата и со фактот што, додека вакви како Стојанче “ќаруваат”, тие се борат за живот. Што да кажат семејствата на тие и тие што се стекнале со траен инвалидитет? Или другите, ранети во конфликти или бранејќи ги државните интереси во разни акции? Што да кажат тие кои се бореле и не биле ранети, ама биле во првите редови или биле во единиците за борба и храбро ги штителе интересите на државата?

Го повикувам Стојанче да си ја работи работата и да не кажува многу приказни. Да покаже почит кон семејствата на погинатите, ранетите, но и кон сите припадници на МВР и АРМ. Фактот што бил ранет, повторувам, е еден одговорен и патриотски чин, но да престане да го “наплаќа” тоа и да престане да се глупира. Ако не си ја врши работата и ако продолжи со глупости, луѓе може да настрадаат заради неговата небрежност, нестручност и раскажување приказни. И тогаш никого нема да го интересира за куршумот што го примил и истиот се’уште дебело го “наплаќа”.

Со почит кон сите семејства на припадниците на МВР и АРМ, ВМРО-ДПМНЕ мора да најде начин и да изгради систем со кој државата нема да ги заборава нивните дела и жртви. Само тогаш и само така “упикувањето” кон премиер или партија, како во случајов со Стојанче, и злоупотребата на фактот што бил учесник во конфликтот од 2001-та, нема да биде потребно да се прави и да се потенцира. Државата треба да се оддолжи кон тие лица. А, таквите како Стојанче, во фелата во која се повикува на конфликтот, секогаш ќе бидат предмет на чудење и разочарување.

Повторувам: Стојанче! Или врши си ја работата за која земаш висока плата или сиктер и престани со приказните за ранувањата! Веќе низ нос ни ги извади! Се прашувам, којзнае за што ќе зборуваше, да не беше ранет?!?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.