Владата вчера го именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи. Генералот Стојнче Ангелов денеска објави дека се заблагодарува за функцијата, но и нагласи дека им останува на располагање на сите бранители и ветерани.

На вчерашната седница Владата ме именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Му благодарам на премиерот Заев и на членовите на Владата за укажаната доверба. Функцијата директор на ЦУК ја исклучува мојата досегашна позиција Национален координатор за воени и полициски ветерани но, иако во овој момент неформално, јас и понатаму останувам на располагање на сите македонски бранители од 2001-та како и на останатите македонски ветерани. Секој бранител кој се обидува да оствари некакво право или има проблем за кој смета дека можам да помогнам, слободно нека ме побара директно на телефон, напиша Ангелов на фејсбук.

,

Почитувани пријатели,

На вчерашната седница Владата ме именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи…

Posted by Стојанче Ангелов on Wednesday, 4 November 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.