Во рамки на соработката на Република Македонија и Република Албанија во делот на управувањето со кризи, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, e во работна посета на Албанија во рамки на спроведувањето на НАТО регионални проекти во делот на управување со кризи. Покрај Ангелов, дел од македонската делегација се и стручни лица од Центарот за управување со кризи заедно со кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), Урим Вејсели.

Ангелов, во своето воведно обраќање, заблагодарувајќи им на домаќините за организацијата на настанот и посакувајќи успешна реализација на претстојната НИЦС обука наменета за персоналот во Албанија, истакна дека веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“  е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан кој се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS).

НИЦС претставува едно од најсовремените технолошки постигнувања во полето на кризниот менаџмент, а Република Македонија и земјите од регионот (Република Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина) ја имаат можноста и привилегијата во целост да го имплементираат овој систем до крајот на 2021 година.

 

Како алатка за просторно прикажување на податоци во насока на справување со настаните и појавите во реално време, НИЦС овозможува брза и ефикасна комуникација и координација помеѓу надлежните служби со цел побрзо донесување одлуки за ефикасно справување. Алатката истовремено овозможува целосно и вистинито информирање на медиуите и граѓаните во насока на подигање на свесноста и разбирањето на ризиците.

 

Центарот за управување со кризи, како координатор на проектните активности во Република Македонија, има успешна соработка со институциите во земјата кои се дел од проектот, вклучително и со земјите партнери од регионот и пошироко.

 

Им благодарам на домаќините за организацијата на настанот и воедно посакувам успешна реализација на претстојната НИЦС обука наменета за вашиот персонал – порача Ангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.