Срамно и недостоинствено и на веќе познат начин, Зоран Заев повторно го гази Собранието за со поткупи, уцени и закани да се обиде да остане на власт! За жал, се повторуваат сценаријата со притисоци врз пратеници, овој пат потпишани на иницијативата за изгласување недоверба на актуелната влада. Информациите се дека тие притисоци се интензивни и дека не се штедат ниту во злоупотребите, ниту во непристојните понуди, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека Зоран Заев не знае поинаку, и дека тоа веќе беше видено во Собранието, а со тој начин на режимско делување било и за време на изборниот процес.
Но, веруваме и дека, како што граѓаните се одважија и на избори го испратија Заев и СДСМ во историјата, така и потписниците на иницијативата за гласање недоверба на власта ќе се одважат да се издигнат над непристојните предлози и над заканите, затоа што за нив, како опозициски пратеници, ништо не е поважно од јасно изразената волја на гласачите. Впрочем, на лагите на Зоран Заев повеќе никој не верува. Како опозиција ги регистрираме и собираме сите вакви наводи, докази, сите непристојни предлози од Заев и неговата свита во заминување, сите злоупотреби на функции и институции, правени само и само Зоран Заев да не се соочи со волјата на граѓаните, појасни Стоилковски.
Тој додава дека како партија и како коалиција за рушење на оваа власт, веруваат во чесноста на потписниците на иницијативата, и во нивниот јасно изразен став – дека актуелната власт не може да се справи со кризите коишто сама ги предизвика. Никој од потписниците на листата од новото мнозинство во парламентот не верува дека власт предводена од СДСМ треба да остане на чело на државата.
Впрочем, повеќе не се работи само за политика, туку се работи за решавање надоаѓачките страшни кризи. Зоран Заев е извор на кризите, а не е решение пред кризите и наспроти притисоците, тоа ќе биде одлучувачки мотив во четврток, дециден е Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.