Неработењето и неисполнувањето на ветувањата на Благој Бочварски беа мотивот Зоран Заев да препознае дел од себе кај него и да го постави штипскиот градоначалник за министер за транспорт и врски во владата на СДСМ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Бочварски и СДСМ во трите приоритети како главни проекти за градот ветуваа жичница, жичара до Исарот. Четврта година по изборите, тука има само скали до тврдината. А ова е фотографијата од Бочварски како токму тука ветуваше изградба на туристичка атракција, жичница до Исарот, рече Стоилковски.
Тој потсети дека како жичницата ја нема ниту браната на Отиње, ниту гасификацијата, ги нема паркинзите, го нема ветуваниот АКВА парк, и ред други проекти искористени само како изборна лага.
Штип пропаѓа како град и како општина, затоа што СДСМ и Бочварски ниту ги интересираат проблемите на граѓаните, ниту ги интересира тоа што го ветуваа, ги интересира само едно, а тоа е фотелји и пристап до државните пари. Се што рекоа, за се излажаа, рече Стоилковски.
Жичарата на Исарот за Штип но и за Македонија ќе остане запаметено како еден сатиричен спомен од неуспешен мандат на Градоначалник од СДСМ во Штип. Жичарата до Исар е симбол на лажни ветувања на СДСМ за Штип. Лагите и манипулациите на СДСМ не смеат повторно да надвладеат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.