Јас не сум видел понервозен политичар од Заев пред малку. И како не би бил, мораше да признае дека му тупнаа илјадници Авганистанци, за старт 1.800, коишто никој не ги прима, коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски за интервјуто на премиерот за „Сител“.
А не смее да каже зошто другите не ги примаат!
На пример заради можна освета на Талибанците кон оние мигрантите?
На пример затоа што баш се окуражени заради повлекувањето на најсилните армии пред нив може да тргнат по соработниците низ светот?
И на пример заради тоа што „тешко“ ќе ги најдат „по хотелите“ во Македонија сместени од Заев?
Ама па Зоќе го има Стојанче да го чува.
Господ да ја дочува Македонија до изборите!, вели Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.