Зоран Заев молчи и не кажува дали ги распродава Гоце Делчев и македонскиот јазик?! Зоран Заев мора да престане да бега и да каже што ветил во Бугарија и што сега треба да исполни! Зоран Заев мора да излезе и јасно да го каже неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик!, побара денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролот на партијата, Наум Стоилковски, на прес-конференција рече дека Македонија не е пазар, а македонското културно и историско наследство и јазик не се фирмите на Заеви па да се распродаваат по сопствена волја на Зоран Заев.
Зоран Заев мора да излезе и да каже дали се вистините наводите на историчарите кои што тврдат дека Македонија треба да прифати и вина за депортацијата на македонските евреи кои што беа однесени во логорот Треблинка?!, праша Стоилковски и потенцираше дека: Македонскиот народ е дел од антифашистичката коалиција, дел од народите кои што го возобновија светот по втората светска војна.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Зоран Заев нема право да менува историски вистини и да ја понижува Македонија, ниту пак македонскиот народ.
ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија која што е интегрирана во НАТО и ЕУ, слободна и демократска, идеи кои што се темел на ЕУ. Токму затоа ние сме за отпочнување на преговорите со ЕУ, бидејќи тоа се темели на нашиот стремеж како народ за слободна, демократска и интегрирана држава, посочи Стоилковски.
Тој уште еднаш потенцираше дека доколку Зоран Заев прифати нешто кое што би значело распродажба на Гоце Делчев и на македонскиот јазик, таа одлука веднаш ќе биде поништена со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и дека нема никогаш да го почитуваат таквиот договор.
Јавно Заев да го каже неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик и зошто не реагира на бугарските понижувања на нашата нација, вчера побара и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Мисајловски порача дека Заев со неговото молчење ја понижува македонската нација и распродава нешто што не е негово, туку на народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.