Вистината се проверува преку факти, а фактите говорат дека Зоран Заев корне лаже, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. И по секоја нова лага на Заев, пишува Стоилковски, истите аналитичари, новинари, апологети, слуги и паљачовци ги повторуваа тезите. Еве ги сега демек ВМРО изгубило.

ВМРО со цела опозиција со 3:1 победи на локални.
ВМРО во Собрание играше, така кажано, со “нивен шпил карти”.
Киднапираа ли, сокрија ли, едноставно снема пратеник на денот за пад на владата.
Не дозволија да има пратеници во салата, знаејќи дека е многу можно некој/и да им се оттргнат од заевизмот.
Се уби Заев лажејќи:
Резултатот за прв круг ќе бил 22:6 за СДСМ искочи 22:9 за ВМРО.
Па ја сфатил пораката, како да не, се уби од притисоци и поткупи, камери се кршеа, за глас повеќе.
Па без Скопје нема да можел да владее.
Па ОСТАВКА си поднесе после втор круг.
И за сето ова, по секоја нова лага, истите аналитичари, новинари, апологети, слуги и паљачовци ги повторуваа тезите. Еве ги сега демек ВМРО изгубило 🙂
Вистината се проверува преку факти. А фактите се дека се’ што кажа Заев, се излажа, а истите оние коишто сега наметнуваат некоја победничка реторика за Заев- корнат лажат.
Власта загуби 3:1 општини на локални.
Власта загуби 100.000 гласови.
Власта го загуби Скопје.
Власта загуби мнозинство во Собрание.
Ниедни црни пари фрлени по партиските мегафони не ја менуваат фактичката состојба!
Заев е тежок патолошки лажов.
Не бидете Заев, пишува Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.