Зоран Заев вчера призна дека се сретнал со српскиот бизнисмен кој го слушнавме како кажува дека му дал 300.000 евра. Заев мора да собере храброст и да каже за што ги потрошил изрекетираните пари.Иако имаме признание од Заев дека остварил контакт со бизнисменот Дака, ЈО молчи и не презема ништо. ЈО наместо да го викне Заев и Дака, да ги земе нивните електронски уреди и да изврши вештачење, молчи. Со самиот факт што ЈО не презема ништо, иако има признанија и од двете страни, доволно кажува дека истото е под целосна контрола на Зоран Заев и мафијата на власт. Правосудниот систем е заробен, изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Заев и во последните денови од власта на СДСМ прави се за да го наполни судството со свои блиски луѓе. Дали Зоран Заев спрема терен со лица во правосудството кои утре кога ќе биде опозиција ќе треба да му ги заташкуваат предметите и да опструираат истрага?!, праша Стоилковски.

Имено на само 20 – тина дена пред избори привилегија да бидат судии и обвинители добија:

1. Драган Јосифовски- син на Елизабета Јосифовска, обвинител во фамозното СЈО;

2. Билјана Смаќоска-ќерка на Гордана Смаќоска, обвинител во организиран криминал;

3. Билјана Иванова-снаа на Цветанка Иванова од СДСМ;

4. Зоран Здравев- син на Киро Здравев, Претседател на судски совет;

5. Барлет Џафери, син на Талат Џафери;

6. Кирил Георгиев- син на Наќе Георгиев, судија во Врховен суд;

7. Ирина Спасовска-ќерка на Лилјана Спасовска, од јавното обвинителство на РМ, се уште стои како активен член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Дали ова треба да бидат новите послушници на Заеви?!

До кога судството ќе биде поле за намирување на партиските апетити на СДСМ?!

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само повеќе порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.