До десет часот денеска над 2.300 граѓани заминале во Србија на вакцинирање!, ова денеска како коментар на денот го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
А, кој знае уште колку заминале во текот на ноќта. А, зошто, затоа што режимот брка провизии и лежи по плажите наместо да бара вакцини, лек да бара за пандемијата од која што 3.600 сограѓани умреа! Само до вчера, 3.600 погреби се организираа заради неспособноста и криминалот за провизии на Заев, Филипче и другите одговорни во власта! Режим! Па ова е срамота! За шест недели во Македонија вакцинирани се само околу 7.000 доктори! И за нив нема доволно. Болниците се полнат со пациенти од корона, Децата страдаат, се повеќе деца заболуваат и има се повеќе последици на дечиња заради короната! Срцеви маани, мозочни удари, белодробни заболувања кај деца до 12 години! И тие се сончаат по плажите во Мексико и арапскиот полуостров – криминалци и дезертери, вели Стоилковски.
Тој додава дека трката по провизии наместо кон вакцините е ГЕНОЦИД врз овој народ!
Заради трката по провизии велат радувајте се, нема вакцини, радувајте се, не сте заморчиња на вакцините! При 3.600 мртви, при 100 починати во еден викенд, 125.000 заболени до сега, трчаат по провизии преку фантом фирми за вакцини, за лек! 2.300 државјани чекаат редици на граница, за да заминат во друга држава на вакцинирање. 2.300 граѓани бегаат, бараат спас пред смртта заради провизиите на режимот. Македонија со режимот го губи суверенитетот, граѓаните, државјани на Македонија молат за вакцини во соседни држави, заради арамилакот на режимот! Македонија со режимот го губи суверенитетот со секој изминат ден, заради самобендисани исфрустрирани неработници, криминалци кои што освен во на трка по провизии и криминал на ништо друго не мислат! Ако сме држава, каква што не сме, Македонија сега ќе побараше листа на вакцинирани македонски државјани во Србија, ќе побараше фактура за вакцинирањето на македонски државјани и ќе ја платеше сметката кон Србија! Илјадници и илјадници граѓани плаќаат здравствено осигурување во Македонија, а не добиваат ништо кога им е најпотребно. Беда и срам! Македонија во моментов се соочува со нешто и поопасно од короната, се соочува со режим чии што крвави раце дрпаат провизии и пари од буџетот, потенцира Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.