Портпролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запраша дали неговиот колега од СДСМ, Коста Костадинов добил книга од бугарскиот автор Костадин Костадинов. Портпаролот на СДСМ се пофали дека се сретнал со неговиот пријател од Бугарија и дека разговарале за развивање на пријателство помеѓу народите, кое било на високо ниво.

Но во книгата на Костадинов стои „Македонците се Бугари и говорат бугарски јазик”, со заклучок дека „Нели знаете – не сите Бугари се Македонци, но сите Македонци се Бугари“

Баш ме интересира дали Костадинов добил книга со посвета од Костадинов?
Книгата чијшто автор е Бугаринот Костадинов со кого струмичкиот Костадинов вели дека “клучна работа… е развивање на пријателство помеѓу народите кое е на (ВНИМАВАЈ!) многу високо ниво”, според пријателот му, содржи “десетици карти, таблици и илустрации” за тоа дека “Македонците се Бугари и говорат бугарски јазик”, со заклучок дека “Нели знаете – не сите Бугари се Македонци, но сите Македонци се Бугари”- заклучува авторот со кого Костадинов од Струмица ќе градел перцепција!?
Мислев дека се сум видел и дека нема глупост што да ме изненади, ама па со вакви ликови дното нема газер.
Македонијо, тешки опинци те газат! – пишува Стоилковски.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.