Зоран Заев се уште бега од одговор за тоа дали лично тој, заедно со неговиот бизнис – партнер во градежниот бизнис Горан Крстев, општинскиот урбанист Стојан Динев, градежниот и урбанистички инспектор Иринка Трајкова, одговорниот за локален економски развој Никола Годев и Кирил Парталов, тогашниот општински секретар, сите обвинети и аболицирани за дивата градба Глобал, се лицата заради чие што несовесното работење се пеплоса Глобал, а со години животи на огромен луѓе се доведувани во опасност, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев и останатите се аболицирани токму за градбата Глобал сега бегаат од одговор дали постоеле двата важни елаборати за градба на јавен објект, а тие се однесуваат на противпожарната заштита – односно како е регулирана хидрантската мрежа и системот за ПП заштита, како и за заштита од удар од гром? Зоран Заев и сите овие лица мора да одговорат дали тие два елаборати воопшто постоеле во првичната документација за реконструкција и за надградба на градското пазариште во Струмица, бидејќи без нив би било невозможно да се одобри градба ниту пак употреба на објект, два документи издадени од Заев за само една недела, за потоа да го изградат трговскиот центар.
Глобал, најголемата легализирана дивоградба во Македонија, е изградена и легализирана со потписи на Зоран Заев, дури по шест години од изградбата. Пожарот покажа огромно несовесно работење при градбата, но постојат и силни индиции за пропусти при легализацијата на Глобал. Услов за легализација е објектот да претставува функционална целина, со поставени инсталации и системи за заштита. Па дали инспекциите под ингеренциите на општината Струмица воопшто ги испитале техничките предуслови, меѓу другото и за ПП заштита? Зоран Заев успева да го легализира Глобал во јануари 2014-тата година, а дури по седум години, при огромен пожар се открива вистинската катастрофа – се открива дека објектот на шест ката нема соодветна ПП заштита! Значи несовесно работење на надзорот за време на градбата, а го гради општината, несовесно работење и при легализацијата на објектот, од општинските инспектори, и на крај несовесно работење и сите овие години од општинско ЈП Комуналец Струмица кое што стопанисува со Глобал, тврди Стоилковски.
Стоилковски посочи оти вистинска среќа во несреќа е што до сега пожар не однел бројни животи во струмички Глобал, и тоа што пожарот избувна навечер, на празник! Хидрантите биле нестандардни, а противпожарните екипи залудно се обидувале да се поврзат и побрзо да се справат со огнената стихија. Јавен објект во кој што дневно циркулираат илјадници луѓе, НЕМА пропишан стандарден противпожарен систем, нема хидранти! И јавен објект, ТЦ кој што по сите закони мора редовно годишно да бидат проверуван ПП систем и заштита! Јавен објект со кој што стопанисува општинско ЈП! Општината и ЈП кое што стопанисува со Глобал бега од одговор кој бил одговорен за долгогодишните законски проверки на ПП заштитата односно на тој систем.
Одговорност мора да има за доведување во опасност на човечки животи! Глумењето добротвор за расчистување на опожарениот објект не го менува фактот дека во Глобал нема ПП заштита и тоа бара одговорност за намерно несовесно работење, за намерен превид при градба, и за корупција која што со години доведува во опасност голем број на човечки животи, додаде Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.