Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со јавното откажување на ВМРО-ДПМНЕ од буџетското финансирање.
-ВМРО-ДПМНЕ јавно се откажа од буџетско финансирање уште пред една недела! Ама на СДСМ не му се слуша, па ја злоупотребуваат г-ѓа Снежана за празни пресови наместо решенија и одговори.
А уште ги чекаме кога ќе се откажат министрите и функционерите од своите плати:
Рената Дескоска од 70 илјади денари;
Зетот на Дескоска, Николче Тасевски од платата од 188.000 денари;
Оливер Спасовски од 90 илјади денари;
Радмила Шекеринска од 80 илјади денари;
Дамјан Манчевски од 70 илјади денари;
Мила Цароска од 74 илјади денари;
Роберт Поповски од 72 илјади денари;
Никола Димитров од 72 илјади денари…
Снежана, ќе ги повикаш ли утре твоите сопартијци да се откажат од платите и да поработат про-боно два месеци?- прашува Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.