Срамно е што Никола Димитров стои пред, а не во ЈО! Срамно е што намерно ја девастираше дипломатијата.

Никола Димитров не смее уста да отвори за право и правда! И не кажува дали претставува Шуто или Рогато!Не е ова дрзок упад, туку дрзок е упадот на Димитров и заевистите за девастација на сиот демократски систем, упад и рушење на трите столба на демократијата- законодавната, извршната и правниот систем! Девастација само и само за ПАРИ! Срам, реагира на Фејсбук портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој вели дека Димитров бега од одговори за Дака, бега од одговори за „Порошенко“ , за ордени од лажни принцови, бега од одговори за стипендиите на ќерка си, бега од одговори за љубовните афери, за скандалите во Холандија…

Димитров е дел од Владата која расправала и носела одлуки, веројатно и тој гласал за одлука на владата резултат од разговорите на Дака со Заев!
Парите од Дака биле за црно финансирање на кампањата за пропаднатиот референдум и за тоа мора да има одговорност!
И затоа срамно е Димитров да стои пред ЈО, а не да биде повикан внатре!
Никола Димитров тргува со Македонскиот Идентитет, со Гоце Делчев за да врват рекетот и девастацијата на се што значи Македонија!
Срамно и ужасно лицемерно е да стои пред ЈО, пред Јовески и Рускоска во скутот на Заев, па да зборува по 4 години власт за право и правда! Каква лага, какво лицемерство! Зборот Образ им означува ЃОН!
Правда ќе има и за „Шуто и Рогато“ сите негови, на Заев, ќе има и за „Без Заев не може“ правосудство, ќе има правда и за сите обезличувања на Македонецот и на Македонија!
Без образ, не може да зборува за образ!
Шуто и Рогато, Димитров! Шуто и Рогато!
Компромис со криминал нема! Правда ќе има, на 15 јули!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.