Жално е што Петре Шилегов градоначалник на Скопје во заминување ги користи деновите на жалост со обиди за манипулација за семејната зграда дивоградба.
Петре Шилегов мора да одговори како се менуваа податоците во Катастар пред да се појави на прес?
Петре Шилегов мора да одговори како со документи без регулиран статус за градежно земјиште добил Одобрение, патем, поднесено по електронски пат?
Петре Шилегов мора да одговори зошто сам не повика на градежната инспекција на Општината Карпош и Државниот инспекторат за урбанизам, да ја утврдат вистинската состојба со висината на зградата со надградбата?
Причината е јасна- Петре Шилегов гради дивоградба и се уште ја крие вистината и врши злоупотреба за притисок врз институциите.
Морам да напоменам, Шилегов на почетокот на неделата сам посочи дека не посакал реконструкција, но имал “хаварија со водоводна инсталација”, доводот, што предизвикал оштетување.
Но реконструкција на хаварија од водовод не значи промена на кровна конструкција со надградба над дозволеното со важечкиот ДУП.
Реконструкција по хаварија, не значи менување на висина на зградата.
Санирање на хаварија со решение од декември не значи работа на лето; ниту пак градба од три месеци!
Сето ова не може да биде дел од Одобрението за реконструкција.
Петре Шилегов, фатен си во криминал.
Институциите и оние коишто со молк и неделување во случајот Дивоградба се обидуваат да го исперат градоначалникот во заминување, наскоро ќе ја споделат правната судбина на Петре Шилегов.
Нема ништо полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов, напиша на Фејсбук, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.