Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ вели дека секој четврти вработен во Македонија осттанал без работа, а најпогодена е текстилната индустија. Според него, Штип, Кочани, Свети Николе се градовите кои се најпогодени исто како во 90-те години на минатиот век, кога транзицијата ги изеде гигантите како „Астибо“ и „Селена“.
Заевистанци без осет лажат за бројот на невработени, за негативните ефекти од кризата, ниту пак преземаат нешто за вакцини, здравствена заштита, нити за помош на цели сектори, пишува Стоилковски.
Секој четврти останал без работа!
Тоа е состојбата во текстилната индустрија;
7.000 од речиси 30.000 во оваа ранлива индустрија се без плата.
Другите може да се надеваат на плата како онаа од 2 (два!) денари исплатена неодамна во една штипска фабрика.
И најпогодени се токму Штип, Кочани, Свети Николе. Повторно градовите коишто пропаднаа во ’90тите, кога транзицијата ги изеде Астибо, Селена…
И сега атмосферата не е ништо поразлична.
Заевистанци без осет лажат за бројот на невработени, за негативните ефекти од кризата, ниту пак преземаат нешто за вакцини, здравствена заштита, нити за помош на цели сектори.
Сетете се на ова кога ќе дојдат избори, затоа што повторно Заев ќе каже на “некој” директор “да одврзе кесето” да даде денар повеќе на работниците, како за референдумот што убедуваа, и повторно да ве лажат за европско здравство, европско образование, европски плати.
Единствено европско со Заев е Короната, донесен вирус од докторка-директорка на болница, која мораше да скија во Италија баш во најголемата ковид криза!, пишува Стоилковски на Фејсбук.
Секој четврти останал без работа!
Тоа е состојбата во текстилната индустрија;7.000 од речиси 30.000 во оваа ранлива…
Posted by Naum Stoilkovski on Sunday, 28 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.