Пикот бил зад нас, рекол Филипче и отишол со Заев да се возикаат на мотор. Седете си вие дома тие ќе си се гоштеваат во хотел „Туто“ во Јанче!, реагира на Фејсбук Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Седете си вие од 20 часот дома, може и од 18 од следна недела; економијата нека пропаѓа, што знаат оние со мотори од 30 и кусур илјади евра за криза; ќе ве вакцинираат некогаш, а можеби ни тогаш. Во меѓувреме Заев ќе контролира и ќе се јавува кој може да вози транзит низ земјава, кој може да влегува преку граница и да носи што сака, Филипче ќе разгледува терени за нова „касарна” и нов тендер, а заедно на мотори ќе смислуваат како да направат што поголема ујдурма за некоја провизија, знаејќи дека најголем сектор во влада им е за креирање перцепции и пласирање на „медиумска вистина”.

До каде е забегано лудилото, зборува и чаршијата дека министерот за провизии поим немал од мотори, ама сега научил само и само да биде поблиску до тиранинот, а дали е вистина еве јас не знам, прашувам? Не е ова режим, ниту само мафија, ова е ужас незабележан во Европа по падот на Чаушеску!, пишува Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.