Законот за попис не е закон кој што треба да го носи европското знаменце, односно се злоупотребува скратената постапка и оние европски знаменца кои што треба да стојат на закони кои што треба да значат усогласување на македонското законодавство со европското.
Ова е закон за попис кој што всушност е за една употреба за еден пописен процес во деценијата. Ова е закон кој што треба да определи едно статистичка операција, пребројување на населението, а во него како секогаш до сега била вклучена методологијата, но овој пат изостанува методологијата според која што ќе биде вршена оваа статистичка операција.
Тоа е така затоа што, во моментот овака како што е предложена и објаснета не станува збор за статистичка операција туку за политички договор кој што се потврдува со два врзани потписи. Вака како што е предложена законот може да даде резултат од неверојатни 3 милиони жители во Република Македонија. И токму затоа за да можат да бидат релевантни податоците извршени со пописната операција и за да резултатите од пописот бидат признаени од сите политички фактори и од сите институции и институти во Република Македонија, предлагаме решение а тоа е да се набават оние апарати за отпечаток на прст при спроведувањето на попис, за да на крајот сите бидат сигурни во резултатите на пописот, дека тоа не станува збор за политичко решение заради мир во коалицијата на власт, туку дека е извршен попис кој што ќе ги даде вистинските параметри за напредок на Република Македонија и дека тие резултати ќе бидат признаени од сите политички фактори во Република Македонија – изјави денеска портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на прашањето, зошто ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да го поддржи Закон за попис вака како што е пуштен во процедура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.